Русија продава ракети за Сирија, јавија медиумите

илустрација

Руската новинска агенција “Интерфакс”, повикувајки се на неименувани дипломатски извори од Москва, јави дека Русија доставила ракети до сиријскиот режим. За сега нема официјална потврда нити пак демант за ваквите информации. Во новинскиот извештај се наведува дека Русија за Сирија обебзедила ракети за поморски напади, договор кој се проценува на 300 милиони американски долари. За сега не е познато дали и колку ракети биле испорачани до Сирија.