Времето денеска стабилно и суво

Времето денеска ќе биде стабилно и суво. По котлините се појави утринска магла а температурите се спуштија под нулата на минус 8 степени целзиусови. Дневните температури ќе се движат во интервалот од 10 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време со температури до 10 степени.