Камбовски нов претседател на МАНУ

Зградата на МАНУ

Академик Владо Камбовски вечерва е избран за претседател на Македонската академија на науките и уметностите. За него гласале 26 члена од 41 колку што има членови редовниот состав на Академијата.
Камбовски ќе го замени Георги Старделов, чиј мандат истекува на крајот од годинава и функцијата ќе ја извршува во следните четири години.

По изборот, Камбовски вети поголема транспарентност на институцијата и нов курс по кој ќе се движи МАНУ за, како што рече, да може да одговори на предизвиците на новото време. Академик Камбовски беше единствен кандидат за оваа позиција.