Ситуацијата во Јужна Осетија може да излезе од контрола

Поддржувачите на Џиоева се греат на протестите пред владата.

Ситуацијата во Јужна Осетија може да излезе од контрола, предупреди шефот на агенцијата за државна безбедност, што се уште се вика КГБ, Борис Атоев.
Тој рече дека дел од демонстрантите се наведуваат на нелегални активности, но не соопшти кој ги наведува.

Подржувачите на Ала Џиоева, која победи на поништените претседателски избори, протестираа пред владата со барање да се признаат изборните резултати. Атоев рече дека демонстрантите биле охрабрувани да упаднат во владата.

Противкандидатот на Џиоева, Анатолиј Бибилов ја има поддршката од Москва.