Муслиманското братство освојува најмногу гласови во Египет

Според делумните резултати од првата рунда парламентарни избори во Египет, најголемиот број гласови ги освоило Муслиманското братство односно нивната партија Слобода и Правда.
Се јавува дека добро минало и ултраконзервативните исламсити Салафи. Делумните резултати ќе бидат објавени денеска, а финалните по 6 недели во Јанаури 2012. Ова се први избори во Египет по падот на Хосни Мубарак.