Белград и Приштина ги приближија ставовите за граничните премини

Борислав Стефановиќ и Едита Тахири

По вчерашнaта средба во Брисел, делегациите на Белград и Приштина ги приближија ставовите за граничните премини, но не постигнаа конкретен договор.
Дијалогот меѓу преговарачките тимови ќе продолжи денеска.
Според шефот на белградскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ, главниот проблем е што Приштина инсистира административните премини да се третираат како државна граница.
Шефот на косовскиот преговарачки тим Едита Тахири пак посочи дека прашањето за премините мора да се третира како „интегрирано управување со граница во согласност со европските норми“.