EУ министрите ќе дискутираат за односите со Иран

Протести - британска амбасада во Техеран

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на денешниот состанок во Брисел ќе разговараат за односите со Иран.
До состанокот доаѓа откако Британија протера ирански дипломати како одговор на нападот врз Амбасадата во Техеран.
Неколку други европски земји соопштија дека ќе ги повикаат своите амбасадори на консултации.
Се очекува министрите да разговараат за дополнителни мерки против Иран по извештајот на ОН во кој се наведува дека иранската нуклеарна програма е поврзана со развој на нуклеарно оружје.