Филе - Србија се уште може да стигне до финалната линија

Архивска фотографија: Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес-конференција во Белград.

Србија се уште може да стигне до финалната линија и да го освои статусот кандидат за членство во ЕУ, изјави денеска еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе на форумот „Пријатели на Европа“ во седиштето на ЕУ во Брисел.
Тој наведе дека го очекува исходот од денашната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина за да им испрати писмо на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ во врска со кандидатскиот статус на Србија.