Премиерот Груевски се сретна со неговиот јапонски колега Нода

Премиерите на Македонија и на Јапонија, Никола Груевски и Јошихико Нода, на средба во Токио.

Премиерот Никола Груевски денеска во Токио се сретна со неговиот јапонски колега Јошихико Нода, како и со неговото царско височество, крунскиот принц Нарухито, престолонаследник на царот Акихито.

На средбата со Нода, соопшти владината прес-служба, се разговарало за продлабочување на билатералните и мултилатералните односи и аспекти на соработка на повеќе полиња помеѓу Македонија и Јапонија како две пријателски земји. На средбата било нагласено дека постои огромен, неискористен потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, а особено во економската сфера.