Бугарија ќе се повлече од Авганистан до крајот на 2014 година

Илустрација: Воена парада во Софија.

Бугарската влада денеска го одобри повлекувањето на бугарските војници од Авганистан до крајот на 2014 година во согласност со плановите на НАТО. Меѓу 150-те илјади странски војници во Авганистан има и 614 бугарски војници, армиски инструктори и воени лекари.