Турција воведе санкции против Сирија

Турција денеска соопшти дека ќе ги суспендира сите финансиски трансакции со Сирија и ќе ги замрзне сметките на владата на претседателот Башар Ал Асад. Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу, соопштувајки ги санкциите на денешната прес конференција во Анкара, изјави дека сиријскиот режим е при крај бидејки ги игнорираше меѓународните повици за запирање на насилствата. Тој додаде и дека Турција им забранила на компаниите да продаваат или испорачуваат оружје и воена опрема за Сирија. Санкции против Сирија неодамна воведе и Арапската Лига.