Британија ги повлекува дипломатите од Иран

Велика Британија го повлекла целиот дипломатски персонал од Иран, јавија западните медиуми. До ова доаѓа откако вчера ирански демонстранти упаднаа во британската амбасада во Техеран и кршеа прозорци, превртуваа автомобили и го палеа британското знаме. Официјален Лондон вчера предупреди дека овој инцидент ќе има сериозни последици. Советот за Безбедност на Обединетите Нации најостро го осуди нападот, а американскиот претседател Барак Обама го повика Иран да се однесува одговорно.