Попоски - преговори со ЕУ паралелно со решавањето на спорот со Грција

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Преговори со ЕУ паралелно со решавањето на спорот за името, побара шефот на дипломатијата Никола Попоски пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Тој рече дека сега е вистинската можност за надминување на долгогодишниот спор за името со Грција.

„Доколку Грција конструктивно пристапи на решението на спорот, може многу реално да се очекува Советот на Европа да предложи отпочнување на преговори за следната година“, рече Попоски.

На министерот Попоски на парламентарната сесија од страна на членовите на Европскиот парламент му беа упатени прашања во врска со очекувањата од Хашката пресуда на што тој одговори дека Македонија ќе ја почитува одлуката, каква и да е.