Нови претседателски избори во Јужна Осетија во март

Протест на поддржувачите на Ала Џиоева за признавање на изборните резултати.

Парламентот во Јужна Осетија на вонредна седница одржана денеска одлучи нови претседателски избори да се одржат на 25 март, откако Врховниот суд ги прогласи изборите одржани во неделата за невачечки поради изборни нерегуларности.

Прелиминарните резултати што беа објавени вчера покажаа дека кандидатот Анатолиј Бибилов, кој ја има поддршката од Москва, изгуби од неговата противкандидатка Ала Џиоева.

Нејзините поддржувачи протестираа пред Државната изборна комисија со барање да се признаат резултатите.

Претседавачот со Врховниот суд Атсамаз Биченов изјави дека на Џиоева нема да и биде дозволемо да се кандидира на повторените избори во март.