Демонстранти упаднаа во британската амбасада во Техеран

Архивска фотографија: Протест пред британската амбасада во Техеран во 2007 година.

Десетици ирански демонстранти упаднаа во британската амбасада во Техеран. За време на протестот против новите санкции што Лондон му ги наметна на Иран, демонстрантите ги искршиле прозорците на амбасадата и го запалиле британското знаме. Иранската полиција за справување со улични нереди стоела настрана и го набљудувала упадот во амбасадата. Подоцна, агенцијата Фарс објави дека полицијата се обидува да ги избрка демонстрантите од објектот. Неколку стотици демонстранти се пред амбасадата. Извикуваат „Смрт за Британија“ и бараат од британскиот амбасадор веднаш да ја напушти земјата.

Британскиот Форин офис соопшти дека е „навреден“ од упадот кој го оцени како „неприфатлив“.

Иран донесе закон според кој треба да го протера британскиот амбасадор од земјата во следните две недели.