Седум години затвор за Љубе Бошкоски

Седум години затвор за лидерот на Обединети за Македонија и поранешeн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски пресуди кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Бошкоски е прогласен виновен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба.

Објавувањето на пресудата во судницата предизвика реакции на членовите на семејството на Бошкоски. Неговата сопруга Виолетa Бошкоска рече дека знаела оти тој ќе добие „олку голема казна“. Таа додаде дека не очекува ниту од Апелациониот, ниту од Врховниот суд да ја сменат пресудата, туку правдата ќе ја бараат пред меѓународен суд.

Лидерот на Обединети за Македонија беше упасен ден по изборите на 6 јуни пред ресторанот Воденица. Според обвинението, тој во три наврати од лице, кое на судското рочиште се појави како заштитен сведок, зел 130 илјади евра за незаконско финансирање на кампањата.