Полска апелира Германија да помогне за спас на еврото

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски апелираше до Германија да покаже лидерство и да го спречи колапсот на еврозоната. Во говорот одржан во Берлин, Сикорски изјави дека 17 членки на таа зона се наоѓаат на раб на пропаст и оти единствено Германија може да помогне во спасувањето на заедничката валута. Тој додаде дека иако Полска не е дел од еврозоната должничката криза со која се соочува претставува најголема закана за стабилноста на земјата.