Од Либан истрелани гранати кон Израел

Израелската војска соопшти дека во текот на изминатата ноќ од јужен Либан биле истрелани гранати кон Израел. Во нападoт намало жртви и не биле причинети големи штети. Војската прецизира дека станува збор за прв напад од Либан од октомври 2009 година и оти на тоа било одговорено со артилериски оган. Во 2006 година Израел изведе 34 дневна воена операција во Либан против герилците на Хезболах кои се поддржани од режимите во Иран и Сирија. Притоа загинаа над илјада и 200 либанци и 160 израелци.