НАТО и ОН загрижени за Косово

НАТО изрази загриженост за ситуацијата на северот на Косово и ги повика страните на воздржаност и на целосна соработка со меѓународните фактори. Иста е пораката и во редовниот тримесечен извештај за Косово што денеска ќе се најде пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Во вчерашниот обид за отстранување на барикадите на северот на Косово дојде до судири во кои имаше десетици повредени војници на КФОР, како и косовски срби.