Египетските избори во мирна атмосфера

Американските власти гo поздравија стратот на египетските парламентарни избори и соопштија дека тие поминале во мирна атмосфера со голема излезност. Гласањето ќе продолжи и денеска. Ова се првите избори по симнувањето од власт на долгогодишниот египетски владетел - претседателот Хосни Мубарак.
Изборите се одржуваат откако 40 луѓе загинаа изминатипв месец за време на судирите на плоштадот во Каиро, меѓу безбедносните сили и про-реформаторите кои стравуваа дека војската сака да го замени владеењето на Мубарак.