Исламисти забранија неколку хуманитарни организации во Сомалија

Oколу 250 илјади луѓе умираат од глад во јужна Сомалија.

Сомалиската исламистичка милитантна организација Ал Шабаб им забрани на 16 хуманитарни организации, меѓу кои и неколку агенции на ОН, да работат во областите под нивна контрола во централна и јужна Сомалија. Ал Шабаб ги обвини забранетите организации дека го поттикнуваат секуларизмот и неморалот и оти се противат на целосно воспоставување на исламското шеријатско право. Меѓу забранетите организации се УНХЦР, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Хуманитарците соопштија дека вооружени луѓе ги нападнале и ограбиле канцелариите на неколку агенции. ОН предупредуваат дека околу 250 илјади луѓе умираат од глад во јужна Сомалија, главното упориште на Ал Шабаб.