Премиерот Груевски во поход по инвестиции во Сингапур и во Јапонија

Сингапур.

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од утре до 2 декември ќе ги претстави инвестициските можности на Македонија пред бизнис заедницитe во Сингапур и во Јапонија.

Премиерот Груевски утре во Сингапур ќе се сретне со сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг, соопшти владината прес-служба. Во соработка со Сингапурската бизнис федерација ќе се одржи и бизнис форум.

Од Сингапур, владината делегација ќе замине за Јапонија. Премиерот Груевски ќе се сретне со неговиот јапонски колега Јошихико Нода, како и со високиот претставник од кралското семејство, јапонскиот крунски принц Нарухито. Јапонската надворешна трговска организација во Токио организира и бизнис форум.