Иран - одобрено намалувањето на односите со Британија

Иранскиот Заштитен Совет

Иранската државна радио телевизија јави дека Иранскиот Совет го одобри намалувањето на нивото на дипломатските односи со Британија во кои е вклучено протерување на британскиот амбасадор од земјата до крајот на оваа година.
Законот за односите со Британија е исто така одобрен од парламентот, а причина се новите санкции на Британија, САД и Канада поради извештајот на Агенцијата за Атомска Енергија на ОН дека Техеран развива нуклеарно оружје.