Пакистан - не сме виновни за нападите на НАТО

Пакистан ги отфрли известувањата дека нејзините трупи се виновни за воздушниот напад на НАТО во кој загинаа 24 војници.
Саботните напади врз два гранични контролни пунктови во близина на Авганистан го налутија Пакистан.
Авганистански преставници за западните медиуми изјавиле дека биле добиени информации дека од пакистанска страна бил отворен оган и биле на помош повикани воздушните сили на НАТО.
Пакистанската армија ова го оцени како обид за „вадење“ од ситуацијата. НАТО вети истрага и се извини за овој трагичен инцидент.