Хашкиот Суд ја осудил Грција, но не и наложил деблокада на Македонија

Грчкиот весник Катимерини повикувајќи се на неофицијални извори, пишува дека Меѓународниот суд во Хаг ја донесол својата пресуда во корист на Скопје.
Од свои, како што потенцира, сигурни извори, Катимерини дознава дека Судот ја осуди Грција за прекршување на Времената спогодба со ветото за членство во НАТО.
Според информации на весникот, клучен аргумент за ваквата пресуда биле изјавите на Костас Караманлис - тогашен премиер и Дора Бакојани - тогашен шеф на дипломатијата во кои тие најавуваат вето за интеграцијата на Македонија поради спорот за името.
Пресудата според изворот на Kатимерини сепак нема да одговори на барањето нa Скопје да и се наложи на Грција да не ја блокира интеграцијата на земјава.
Македонија ја тужи Грциjа за прекршување на Времената спогодба со ветото за членство во НАТО на Самитот во Букурешт. Пресудата се очекува да има, не само правно, туку и силно политичко влијание врз спорот.