Египет-први избори, по падот на Мубарак

Протести во Каиро

Египќаните денеска ќе излезат на првите парламентарни избори кои ќе се одржат во земјата по крајот на долгогодишното владење на претседателот Хосни Мубарак.
Шефот на египетската армија Филд Маршал Хусеин Тантави вчера изјави дека нема да дозволи „предизвикувачите на проблеми " да се вмешаат во изборите, предупредувајќи на „исклучително тешки “ последици доколку земјата не се справи со кризата.
Тој говореше пред илјадниците демонстранти на плоштадот Тахрир во Каиро каде што во изминативе неколку дена се одржаат протести против воената власт барајќи да се симнат од функциите пред одржувањето на изборите.

Неодамнешните немири при кои десетина луѓе загинаа фрлија сенка на изборите. Демонстрантите стравуваат дека воениот совет кој е на власт, по соборувањето на Мубарак, се обидува да ја задржи власта за себе.