Експлозија на гасовод во Египет

Експлозија на гасовод во Египет, 10 ноември,2011

Разнесен е гасоводот кој од Египет води кон Израел и Јордан, соопштуваа египетската државна новинска агенцијаа МИНА.
Според извештаите саботери го разнеле гасоводот во областа Ал Сабел. Тоа е осмиот по ред таков напад ,по соборувањето на Хосни Мубарак од власт во февруари.
Договорот за испорака на гас со Израел ,кој е потпишан во времето на Мубарак е непопуларен кај Египќаните, затоа што се тврди дека Израел не плаќа доволно за египетскиот гас.