Ројал Дач Шел и Мицубиши ќе вадат гас во Ирак

Полицаец бара мини во близина на нафтените полиња во околината на Басра.

Ирак го финализираше 17 милијарди долари вредниот договор со Ројал Дач Шел и со Мицубиши за експлоатација на гас во полињата на југот на земјата во наредните 25 години. Формирана е нова фирма – Басра гас компани, која треба да вади гас од полињата во близина на Басра кои сега не се во функција поради застарена инфраструктура. Новата фирма е во доминантна сопственост на ирачката државна компанија Јужен Гас, која поседува 51 отсто од акциите. Ројал Дач Шел поседува 44 отсто, а јапонската компанија Мицубиши 5 отсто од акциите во Басра гас компани.