Дозволен увоз на половни минибуси и автобуси со еуро 2 стандард

Илустрација.

Владата донесе Правилник со кој до 30 април следната година се овозможува увоз на употребувани минибуси и автобуси со еуро 2 стандард. Одлуката е донесена на вчерашната владина седница по барање на одделни здруженија на превозници, соопшти владината прес-служба.