Апсења на протестите против депортирање Таџикистанци во Москва

Депортирање на таџикистански работници од Москва.

Полицијата во Москва уапси пет луѓе што учествувале на протестите против последните депортации на таџикистански работници од Русија. Петтемина биле уапсени во четвртокот на протестот „Јас сум Таџик – Депортирајте ме!“ пред Федералната служба за миграции во Москва. Руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на полициски извори, објави дека ниту еден од уапсените не е етнички Таџик, туку биле членови на „анархистичко движење“.

Русија почна да депортира Таџикистанци, откако во Таџикистан беа осудени руски пилоти поради шверц. Руските пилоти беа осудени, но потоа беа амнестирани.