Тачи ќе побара заедничко опозициско дејствување

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи изјави дека неговата партија е отворена да ги прими назад старите членови ако тие ги прифатат статутот и платформата. Тачи најави и дека наскоро писмено и лично ќе им се обрати на другите политички лидери за заедничко опозициско дејствување.
За време на редовната седница на партиското Централно претседателство, Тачи се осврна и на палењето на македонското знаме во Косово. Според Тачи, тоа е „погрешна манифестација на одредени несериозни лица“ и „резултат на севкупната килма во Македонија“.
„ Владата на Македонија потхранува такви националистички испади кои може да го разнебитат и овој кревок идентитет, а од тоа губат само Македонците“, рече Тачи.