НАТО „најверојатно“ виновни за смртта на пакистанските војници

Портпаролот на НАТО трупите во Авганистан потврди дека и авиони биле вклучени како подршка на војниците за време на инцидентот во близина на границата со Пакистан.
Од НАТО соопштуваат дека „многу веројатно“, авионот кој учествувал во акцијата е одговорен за смртта на пакистанските војници, кои загинаа во текот на ноќта.
Генерал Карстен Џејкобсон, портпарол на мисијата ИСАФ изјави дека воздушната подршка што ја имале многу веројатно е виновна за жртвите на пакистанската страна.
Пакистанските официјални лица соопштија дека во нападот од страна на хеликоптери на НАТО над воен контролен пункт во северозападниот дел на Пакистан, загинале најмалку 26 војници.