Умерени исламисти победници на изборите во Мароко

Исламистичката партија Правда и Развој победила на парламентарните избори во Мароко што се одржаа вчера, соопштија партиски извори. Мароканскиот министер за внатрешни работи денеска соопшти дека озивот бил 45 насто.
Станува збор за први парламентарни избори во Мароко, според новиот Устав, кој беше изгласан на референдум на први јули годинава, по про-демократските протести.