6-мина загинати од мина во централен Ирак

Најмалку 6 лица настрадале денеска во централен Ирак од мина поставена на патот, а уште 8 биле повредени. Инцидентот се случил во градот Фалуџа, 60 километри западно од Багдад. Насилствата во Ирак се намалени од 2006-та досега, но бомбашките напади се речиси секодневие во таа земја.