Демонстрантите и денеска на плоштадот во Каиро

На два дена пред првите слободни парламентарни избори во Египет, на централниот плоштад во Каиро, и денеска има протести, деветти ден по ред. Демонстрантите бараат оставка од привремената воена власт во земјата, која пак засега нема намера да се повлече.