Масовните протести во Египет продолжуваат

Каиро - Египет

Илјадници демонстранти и натаму се на плоштадот Тахрир во Каиро и веке цела недела се обидуваат да извршат притисок врз војската да ја пренесе власта врз цивилната администрација.
Тие протестираат и против одлуката на Воениот Совет да го наименува Камал Ганзоури за транзиционен премиер.
Тој беше премиер и во владата на остранетиот Претседател Хосни Мубарак. Најмалку 41 лице загина досега во насилствата во Египет оваа недела.
Во понеделник пак, ке бидат одржани парламентарни избори во три рунди – први по падот на Хосни Мубарак во земјата.