Турција прва ја ратификуваше Конвенцијата против насилство во семејството

Турција е првата држава која ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа против насилство во семејството.
Со Конвенцијата се бара од државите да преземат конкретни мерки во законите за борба против насилство над жени и предвидува бесплатна државна помош за жртви од насилство.
Комитетот на министри на СЕ ја одобри таа конвенција на 7 април. Со неа насилството врз жени за првпат се категоризира како нарушување на правата на човекот и дискриминација.