ОН: тортура врз деца во Сирија

Комитетот на Обединетите нации за борба против тортурата соопшти дека добил извештаи за масовни нарушувања на човековите права во Сирија, вклучувајќи притвор и повреди на деца. Во соопштението се додава дека станува збор за потврдени информации и се бара од сиријската влада да достави извештај за тоа колку ги почитува обврските што произлегуваат од Конвенцијата на Обединетите нации против тортурата.