Приштина не исклучува употреба на сила во северно Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи изјави дека не може да ја исклучи употребата на сила за да се обезбеди слобода на движењето во северно Косово и да се отстранат поставените барикади на Србите, објави приштинскиот весник „Епока е ре“. ,,Стравувам дека без употреба на сила, патиштата нема да станат проодни, затоа што при секој обид има напади врз војниците на КФОР,, рече Реџепи.