Собрание: две прашања од опозицијата, едно од власта

Macedonia - Macedonian Parliament - 01Feb2011

По парламентарните избори во јули оваа година денеска опозицијата за прв пат ќе има можност да и поставува пратенички прашања на владата. На седницата се очекува да присуствува и премиерот Никола Груевски
Медиумите во Македонија очекуваат дека опозицијата пред се ќе се задржи на прашањата на амнестијата на хашките случаи, убиството на младиот Мартин Нешковски, последното задолжување со кредит, како и Евроатланските интеграции.
Практика во Собранието на Македонија е да се поставуваат две прашања од опозицијата и едно прашање од пратениците на власта.