Над 4.000 хектари државно земјоделско земјиште ќе се дава под закуп

Во тек е уште еден јавен оглас за давање под закуп државно земјоделско земјиште. Вкупно 4.008 хектари се нудат во 10 општини, Прилеп, Гевгелија, Берово, Битола, Штип, Кратово, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Кисела Вода.
Максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари, а времетраењето на закупот е 15 до 50 години зависно од културата што ќе се одгледува.
Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лицa кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност.