ЕК - ограничувањата за Бугари и Романци по 2013 не се можни

Ниту една држава во Европската унија не може да ги задржи ограничувањата на пазарот на труд во однос на ангажирањето на Бугари и Романци по 1 јануари 2014 година, изјавија претставници на Европската комисија.
Во моментов десет држави од ЕУ поставуваат ограничувања во вработувањето на Бугари и Романци, додека рокот на дејствувањето на тој режим завршува на 1 јануари 2012 година. По тој рок ограничувањата можат да бидат продолжени најдоцна до 1 јануари 2014 година, единствено со одлука на властите на одредена земја и со испраќање на јасна аргументација до ЕК дека таа одлука е поврзана со докажано негативно влијание кое вработувањето на граѓаните на овие две земји би го имало врз локалниот пазар на трудот.
Денешното прецизирање на оваа мерка следеше откако претходно оваа недела Велика Британија ги објави своите планови максимално да го искористи рокот за ова ограничување.