Арапската лига и даде ултиматум на Сирија

Судири меѓу владините сили и демонстрантите во Сирија.

Арапската лига и даде рок од еден ден на Сирија да се согласи на распоредување набљудувачи или ќе се соочи со економски санкции. Арапската лига соопшти дека ако Дамаск до утре не се согласи на распоредување набљудувачи, лигата в сабота ќе одржи состанок и ќе донесе одлука за санкции, кои ќе се однесуваат на тргувањето со сириската влада, но нема да се однесуваат на стоки што им требаат на Сиријците. Арапските земји ќе ги стопираат авионските летови кон Сирија и ќе ги прекинат односите со Сириската централна банка.

Дамаск се противи на плановите на Арапската лига да распореди 500 набљудувачи во земјата.