Бугарија ќе добие 185 милиони евра од ЕУ за Козлодуј

Илустрација.

Бугарија на предлог од Европската комисија ќе добие 185 милиони евра од ЕУ за безбеден прекин на работата на изгаснатите реактори од нукеларната централа Козлодуј. ЕУ овие пари ќе ги исплати до 2020 година, кога на нуклеарката треба конечно да и се стави клуч и да престане со работа.

Еврокомесарот за енергетика Гунтер Јотингер изјави дека интерес на сите граѓани во Европа е нуклеарките, како што е Козлодуј, повеќе да не се експлоатираат и никогаш повторно да не бидат вклучени.

Освен Бугарија, финансиски средства од Европа за затворање на нуклеарките ќе добијат и Литванија - 210 милиони евра за два реактори на централата „Ингалине“ и Словачка - 105 милиони евра за електраната „Бохунице“.

Пред да ја добијат помошта овие три држави ќе мораат да исполнат неколку услови - да донесат закони поврзани за атомска безбедност, да добијат гаранции од земјите членки дека можат финансиски да го извршат отстранувањето на реакторите, како и на ЕК да и се претстават планови за прекин на експлоатацијата.