Скопјани да си седат дома, воздухот загаден

Градските власти не препорачуваат вакви активности за денеска.

Граѓаните на Скопје да го сведат на минимум престојот на отворено, а хронично болните да се придржуваат до препораките од лекарите поради нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух на подрачјето на градот, препорачува Град Скопје.
Индексот на квалитетот на воздухот според измерените вредности во центарот на Скопје околу пладне изнесува 410, а секоја вредност на индексот над 300 е опасна за здравјето на луѓето.

Градските власти појаснуваат дека влошувањето на квалитетот на воздухот во урбаните средини е карактеристично за зимскиот период, како резултат на затоплување на домовите и сообраќајот, но се должи и на минималното струење на ветрот, маглите и промените на температурaтa, поради што загадувачките материи не се дисперзираат туку остануваат на местото на создавање.