Цеца повторно на суд

Српската турбо-фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ - Цеца.

Српската турбо-фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ - Цеца, излезе од домашен притвор за да биде изнесена пред суд за обвиненија за агресивно однесување. Таа се појави за кратко во белградски суд пред судиите да го одложат процесот за декември.
Ражњатовиќ и уште едно лице се обвинети за навредување и лесни телесни повреди на менаџерот на фудбалскиот клуб Обилиќ.
Цеца веќе издржува казна од осум месеци домашен привор за злоупотреби со трансфер на играчи од Обилиќ во странски фудбалски тимови.