Нови немири во Египет

Нови судири меѓу полицијата и египетските демонстранти избувнаа синоќа во главниот град на земјата Каиро.
Полицијата употребила солзавец против демонстрантите кои бараат армијата да ја напушти од власт во Египет.
Истрели од огнено оружје одекнале во близина на Министерството за внатрешни работи кое е главна мета на демонстрантите.
Ал Џезира јавува дека министерот за внатрешни работи Мосир ел Есави поднесол извештај до Воениот Совет со кој се предлага одложување на парламентарните избори, закажани за 28 ноември.