Времето денеска облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд и со појава на утринска магла по котлините. Утринската температура се движи во интервалот од минус еден до четири степени, додека дневните температури ќе се движат од шест до единаесет степени целзиусови. Во Скопје и околината слично време со можна појава на утринска магла. Утринската температура се спушти до два, додека максималната дневна температура ќе биде седум степени.