Бахреин - Функционерите што злоупотребувале сила ќе одговараат

Kралот на Бахреин Хамад бин Иса ал-Калифа.

Владините претставници вклучени во злоупотреба на сила за време на задушувањето на антивладините протести годинава ќе бидат повикани на одговорност и ќе бидат разрешени, соопшти кралот на Бахреин Хамад бин Иса ал-Калифа.

Во извештајот на независната комисија за настаните од февруари и март годинава се наведува дека „имало случаи на прекумерна употреба на сила и малтретирање на затвореници, а 5 луѓе умреле како поседици на тортура“ за време на задушувањето на протестите.

Кралот Хамад изјави дека ќе стори се што е можно „овие болни настани да не се повторат“, додаваќи:

„Мора да го реформираме нашето законодавство и да го доведеме во согласност со меѓународните стандарди.“

Властите соопштија дека 20 членови на безбедносните сили се обвинети за за злоупотреба на сила против демонстрантите.