Ердоган се извини за убивањето илјадници Курди пред 75 години

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за првпат се извини за убивањето речиси 14 илјади луѓе при задушување курдски бунт во 30-те години од минатиот век.

„Ако е потребно извинување од името на државата, би се извинил и се извинувам“, изјави тој.

Тоа е прво официјално извинување на турска влада за убиствата на 13.806 луѓе во југоисточниот град Дерсим сега преименуван во Тунџели во периодот меѓу 1936 и 1939 година.

Ердоган го изјави ова како одговор на барањето на опозицискиот лидер Кемал Калачдароглу кој наведе дека Турција треба да се соочи со минатото. Семејството на Калачдароглу е од Тунџели.